За 50 денари добиваш 150 денари со ОНЕ

18

10460 Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денеска воведува нова промоција во припејд, За твоите 50 денари добиваш 150 денари.
Со оваа понуда сите припејд корисници на ОНЕ и Џабест добиваат единствена можност, за своите 50 денари да добијат дури 150 денари кредит и цела недела да уживаат во опуштена комуникација со сите.

За да ја активира услугата, корисникот треба да има најмалку 50 денари кредит на својата сметка, за кои, со јавување на бесплатниот број 1450 или испраќање порака не бесплатниот број 181 со текст 150 START ќе му бидат доделени 150 денари кредит.

Доделениот кредит корисникот треба да го искористи во период од седум дена, а доколку по истекот на кредитот корисникот повторно има најмалку 50 денари на својата сметка, услугата автоматски ќе се реактивира.

Понудата За твоите 50 денари добиваш 150 денари е промотивна и важи ограничен временски период.