За 53% зголемено присуството на овошје третирано со најопасните пестициди во Европа

109

Количината на свежо овошје што се продава во Европа загадено со најопасните пестициди е драстично зголемено, за дури 53 отсто во текот на изминатата деценија, покажува деветгодишното истражување на државната агенција Pesticides Action Network Europe (PAN).

Анализата утврди дека една третина од јаболката и половина од сите капини кои се пласираат на пазарот содржат остатоци од најотровните категории на пестициди, од кои некои се поврзани со рак, срцеви заболувања и вродени дефекти, пишува Гардијан.

Анализата на речиси 100.000 примероци домашно овошје во Европа покажа дека контаминацијата со најопасните пестициди скокнала за 53 отсто во текот на девет години.