За 674% скок на продажбата на нови автомобили во Велика Британија

47

Регистрацијата на нови автомобили во Велика Британија се зголеми за 674% во мај во споредба со истиот месец во 2020 година, кога продажните салони беа затворени поради рестриктивните мерки, но обемот на продажба и понатаму е под нивото од 2019 година.

Во мај се продадени вкупно 156.737 нови возила, во однос на 20.247 продадени во истиот период лани, на што свој придонес има побарувачката од корпоративниот сектор коишто го обновувале својот возен парк, пренесува Ројтерс.

Сепак, мајската бројка е значително пониска одошто во истиот период во 2019 година, кога се продадени 183.724 автомобили.

Се предвидува дека вкупната продажба на нови возила оваа година ќе достигне 1,86 милиони единици.

Автомобилските салони во Велика Британија, коишто поради пандемијата беа затворени во лани, повторно почнаа со работа на 12-ти април оваа година.

Глобалната автомобилска индустрија во овој момент се соочува со голем предизвик, а тоа е недостигот на чипови.

Фото: Freepik