За 75% намален бројот на туристи во Турција

Турција, во првата половина од оваа година, ја посетија 4,5 милиони странски туристи, пишува Хуријет.

Ова е за 75% помалку во споредба со периодот јануари – јуни лани, кога во земјата биле регистрирани 18,07 милиони туристи во Турција.

Истанбул привлече околу 53,7% од вкупниот број странски туристи или околу 2,4 милиони. Втор по број на посети од странски гости е градот Едрене, што се наоѓа во северозападниот дел на Турција, граничи со Бугарија и Грција, со 634.721 странски турист во периодот јануари – јуни оваа година.

Туристичкиот бисер на Турција, Анталија беше домаќин на 444.227 странски гости.

Меѓу странските туристи, најголем дел или 9,35% се од Бугарија, а потоа следуваат од Германија (9,33%), Грузија (7,5%), Русија (7,1%) и Иран (5%).

Минатата година, над 45 милиони странски туристи ја посетија Турција, додека во 2018 година таа бројка беше околу 39,5 милиони.

Фото: Freepik