Во мај оваа година се издадени 300 одобренија за градење, што е за 86,3% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.492.299.000 денари, што е за 124% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 164 (54,7%) се наменети за објекти од високоградба, 27 (9%) за објекти од нискоградба и 109 (36,3%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 300 објекти, на 145 (48,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 155 (51,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 49.094 мeтри квадратни.
Фото: Pexels