За 96,4 отсто од компаниите „Отворен Балкан“ е можност за подобро работење и поголем раст на компанијата

68

Тинк тенк организацијата „Аналитика“ изготви анализи и спроведе квантитативно истражување со извозно ориентираните компаниии во однос на придобивките и очекувањата од иницијативата „Отворен Балкан“.Согласно наодите од истражувањето, многу голем процент од компаниите сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“  е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компанијата. Високи 96,4% од анкетираните рекле дека оваа иницијатива би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти само 3,6% кои го сметаат спротивното.

Компаниите во истражувањето во најголем дел сметаат дека во моментов не постојат пречки за економска соработка во регионот. Девет од десет анкетирани (89,3%) рекле дека не постојат пречки за економска соработка помеѓу земјите во регионот додека 10,7% навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долго задржување на границите, обемна документација и други административни проблеми кои го успоруваат или отежнуваат работењето.

Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика кажува дека согласно истражувањето,во поглед на трговската размена, најголем број (70%) од компаниите тргуваат со Србија, 53,3% остваруваат трговска размена со Косово, 46,6% извезуваат во Албанија. Потоа следат Црна Гора со 26,6% и Босна и Херцеговина 20%. Тука се гледа потенцијалот за уште поголема трговска соработка на РС Македонија со земјите од регионот.

Од останатите анализи и прашања, се издвојуваат неколку важни наоди во однос на движење луѓето. Спасова од кажува дека согласно истражувањето, висок процент од компаниите сметаат дека иницијативата ќе го олесни движењето на луѓето во целост (79,3%,) или во голема мера  (17,2%). Спасова истакнува дека

Премиерот Ковачевски кој имаше воведно обраќање на настанот потенцираше дека иницијативата „Отворен Балкан“ отвора можност за бришење на границите како административни бариери и овозможува остварувањето на четирите европски слободи за движење на луѓе стоки услуги и на капитал. Тој очекува дека покрај Северна Македонија, Албанија и Србија дел од Отворен балкан да станат и другите земји. Потенцираше дека на наков начин ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни и уште поподготвени за натамошен развој.Ковачевски кажа дека граѓаните во државите ќе имаат директни економски придобивки. „Отворен Балкан“  и оваа иницијатива не е алтернатива за членство во ЕУ, туку комплементарна активност за примена на европските вредности на регионално ниво.

Фани Каранфилова-Пановска, извршната директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, организација со чија поддршка е спроведено истражувањето, посочи дека кога се зборува за Отворен Балкан се зборува, пред се, за надминување на економските и трговските препрек, но, како што нагласи, генерално и на општествените препреки кои го забавуваат растот воопшто, а пред се растот на економијата во регионот. Таа потенцираше дека спроведувањето на четирите слободи и воспоставувањето на единствениот регионален пазар по терк на пазарот на ЕУ има огромен потенцијал да ја поттикне трговијата и размената, да го поттикне и зголеми вработувањето, да го зголеми и да го економизира искористувањето на ресурсите во регионот, нио и да ги зголеми инвестициите.

Бојана Мијовиќ Христовска од „Аналитика“ смета дека Ц. Македонија има значаен придонес постигнато во слободното двжење на капитал, посебно во делпот на уогласување на домашната регулатива со законодавтсвото на Европскатра Унија. Со дополнителната либерализација на капитално финансиските трансакции, правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство. Се подготви Нов Закон за платежни услуги и платни системи (со ова ќе се прошири листата на даватели на платежни услуги и сетот платежни услуги, ќе се отвори пазарот на платежни услуги за нови играчи, а особено за оние од финтек-секторот, од кои се очекува дека ќе понудат иновативни решенија за извршување плаќања коишто ќе бидат побрзи, поевтини и полесни за користење ). Истовремено, воспоставен е регистар на вистински сопственици – Со пуштањето и активното функционирање на Регистарот на вистински сопственици, се надмина една од забелешките на ЕК нотирана во Извештаите за С.Македонија во претходните години.

Ваквите иницијативи се добри и корисни за компаниите. Сепак, Христовска додава дека тие не може да го постигнат целосниот потенцијал заради тоа што земјите од Блаканот сеуште имаат нерешени билатерлни спорови кои ја обременуваат и економската соработка.

Според „Аналитика“, главните предизвици пред кои се исправени земјите од Западен Балкан во нивната посветеност на европската перспектива како нивни одлучен стратегиски избор може да се поделат во неколку групи и тоа:

Зајакнување на добрососедските односи и помирувањето и регионалната стабилност што бара координирани индивидуални и колективни дејствија  од страна на земјите, посилна борба со корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото, продолжување со реформите за влез во ЕУ и понатамошно продлабочување на регионалната економска интеграција врз темелите на правилата и стандардите на ЕУ.

Спасова додава дека економскиот развој е клучно прашање доколку земјите од Западен Балкан сакаат да направат подобар и побрз напредок кон европска интеграција. Дополнително, како земји кандидатки за членство во ЕУ, земјите се должни да го усогласат националното законодавство со законодавството на ЕУ. Оттука како значаен предзивик за земјите од Западен Балкан е да продолжат и во иднина континуирано да ја следат својата законска регулатива и истата да ја усогласуваат со законодавството на ЕУ со цел нивно приближување до внатрешниот европски пазар.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот „ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН – мини-шенген, регионална економска соработка и заеднички регионален пазар – мапирање на напредокот – можност за приближување на Северна Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ”, што го спроведува Аналитика – Скопје, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.