За да работите во Tesla не ви треба факултетска диплома

35

Сè уште не ви треба факултетско образование за да работите за извршниот директор на “Тесла“, Илон Маск, пишува Business Insider.

Кога ги интервјуира кандидатите, тој го бара резимето на нивните кариери и да опишат како ги решавале најтешките проблеми со кои се соочиле. За да биде сигурен дека нема да се фалат со достигнувањата на некој друг, Маск ги испитува темелно, така што само оние што навистина се снаоѓале во предизвикувачка ситуација можеле да одговорат на прашањата.

Маск вели дека ако некој завршил добар факултет, тоа може да биде показател за успех, но не секогаш. Тој ги зема како пример Бил Гејтс, Лери Елисон и Стив Џобс и шегувајќи се вели: “Овие момци не дипломираа, но ако имавте шанса да ги вработите тоа ќе беше паметна одлука“.

Фото: Pexels