За девет месеци Фабрика Карпош прокнижи 1,1 милиони денари добивка

59

Фабрика Карпош од први јануари до 30-ти септември 2018 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.165.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Остварената нето добивка по оданочување за периодот 01.01-30.09.2018 година изнесува 1.165.000 денари наспроти остварената нето добивка од 11.441.000 денари истиот период претходната година. Со оглед на недовршеното производство или производството во тек коешто произлегува од станбениот комплекс Александрија (проект за изградба на станови што ги гради фабриката Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата“, стои во Образложението на билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба заклучно 30-ти септември оваа година изнесуваат 336.659.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 336.574.000 денари, додека на странски пазар продажбата имаше вредност од 85.000 денари.