Винарската визба Попова кула од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.779.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, винарската визба прикажа добивка од 6.135.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година достигнаа 36.176.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 30.952.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 5.224.000 денари.
Попова Кула од Демир Капија се занимава со производство на вино од грозје.