За Димко Митрев од Велес првиот квартал заврши со добивка од 120.000 денари

23

dimko-mitrev-1

Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, првото тримесечје од 2017 година го заврши со добивка од 120.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на првиот квартал од 2016 година, добивката на компанијата беше на ниво од 93.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март 2017 година, изнесуваа 50.576.000 денари. Помал дел од 1.161.000 денари е остварен на домашен пазар, додека поголемиот дел од 49.415.000 денари е реализиран на пазари во странство.