За добро сочувана словенечка банкнота можете да добиете 300 евра

127

Словенија влезе во Европската монетарна унија во 2007 година, заменувајќи ја својата прва национална валута со толар со евро.

Сега некои стари банкноти од времето на монетарниот суверенитет добиваат значителна вредност на нумизматичкиот пазар.

За добро сочувана банкнота од 10.000 толари, првпат испечатена во 1995 година, може да се добијат околу 300 евра, изјави за словенечкиот инфопортал „N1“ ​​претседателот на словенечкото нумизматичко друштво Урбан Мате.

При размената на толарите во евра, за таа банкнота со ликот на писателот Иван Цанкар се добивале 41,6 евра.

По укинувањето на употребата на стариот југословенски динар во есента 1991 година, Словенија го пушти во оптек т.н. „вредносни бонови“ кои се користеле помалку од една година, а за некои добро сочувани примероци денес може да се добијат износи што ја надминуваат реалната вредност од десет пати од времето кога биле користени, велат познавачите на нумизматичкиот пазар.

Според централната банка, кај граѓаните, во банкноти и монети, останале толари во вредност од околу 32 милиони евра.

Фото: Facebook