Фото: Pixabay
Според едно истражување со кое се опфатени 77.000 испитаници, вегетеријанците имаат 20% помала шанса да заболат од рак на дебелото црево, додека ризикот кај вегетеријанците кои јадат риба е помал дури за 43%.
Затоа конзумирајте:
Риба
Рибите богати со омега 3 масни киселини, како туната и лососот делотворно влијаат на воспалителните процеси во цревата што се поврзуваат со развој на тумори. Лекарите советуваат да јадете риба, два до три пати во неделата.
Маслиново масло
Неговите благотворни својства се добро познати. Исто како и рибата, маслиновото масло изобилува со омега 3 киселини. Се препорачува да се конзумира секојдневно.
Овесни снегулки
Овесот е богат со влакна кои помагаат храната да помине низ дигестивниот систем, без задржување. Доколку токсините подолго се задржуваат во цревата, ризикот за болести е многу поголем.
Варени домати
Ликопен, состојката што ја дава црвената боја на доматите спречува оштетените ќелии да се врзат за здравото ткиво, и со тоа го оневозможува нивното ширење. Таа е најефективна во варениот домат.
Грав
Гравот е богат со фолна киселина, витамин Б што ја средува абнормалната ДНК во цревата. Освен тоа, изобилува со влакна кои го спречуваат задржувањето на храната во цревата.