За еден ден изгубија 120 милијарди евра

113

Најбогатите луѓе во светот вчера изгубиле 139 милијарди долари (над 120 милијарди евра), поради загриженоста на берзите дека корона вирусот ќе ја потресе светската економија, соопшти Bloomberg.

Ова е најголема загуба за најбогатите жители на планетата од 2016 година (откога агенцијата Bloomberg прв пат спроведе вакво истражување.

Бернар Арно, сопственик на LVMH, и директорот на Аmazon, Џеф Безос, останаа без 4,8 милијарди долари.

Сопственикот на Zara, Амансио Ортега изгуби четири милијарди долари, а Марк Цукерберг, основачот на Facebook, 3,48 милијарди долари.

Сметката на останатите 10-те милијардери од листата е минимум за 2,3 милијарди долари помала од претходно.

Американските берзански индекси на крајот од тргувањето паднаа за повеќе од 3%.

Инвеститорите се вознемирени поради ширењето на корона вирусот, бидејќи епидемијата и карантинските мерки претставуваат ризик по економијата на Кина и целиот свет.

Фото: Pixabay