За еден ден распродадени позлатените ајфони со ликот на Путин

25

1

Лимитираната серија од 44 позлатени ајфони со изгравиран портрет на рускиот лидер Владимир Путин, што италијанската компанија Caviar Perla Penna го изработи за рускиот пазар, се распродадоа за еден ден. Телефонот чини 4.300 долари.

Земајќи го во предвид успехот на првата серија и големата побарувачка на Caviar iPhone 5S Supremo Putin, компанијата одлучи да пушти во продажба уште една серија.

Меѓу оние кои купиле луксузен iPhone со ликот на рускиот лидер се наоѓаат претставници од бизнис сферата, политичари, филмски директори и менаџери на нафтени компании.

Покрај ликот на Владимир Путин, на телефонот го има изгравирано и рускиот грб, како и два реда од руската химна.

2