За кои работи треба убаво да размислите, пред да дадете отказ

14

rabota

Фото: Pexels

Мразите ли наутро да станете за на работа? Ви се чини ли дека гледате во часовникот цел ден чекајќи да ви помине работното време?

Доколку потврдно одговоривте на овие прашања, тогаш знаците се јасни – работата ви станала здодевна. Пред да дадете отказ, треба убаво да размислите дали одлуката е правилна и дали навистина сте подготвени за промена на работното место.

За да си ја олесните одлуката за промена на кариерата, пред се треба да си ги поставите следните прашања:

1. Зошто сакам да ја променам кариерата?

2. Чувствувам ли страст кон новата работа?

3. Што мисли моето семејство за тоа?

4. Кој ми е долгорочниот план?

5. Дали новата работа ќе овозможи финансиска стабилност?

6. Дали ги имам потребните вештини и сум доволно компетентен/а за новата работна позиција?

Доколку платата е вашата единствена мотивација, константно се жалите на условите за работа и едноставно веќе не ви се оди на работата, тогаш промена на кариерата е добра идеја. Но, немојте да паднете во замката на монотонијата. Негативните мисли дека ја мразите својата работа, работните часови траат премногу долго и дека не можете да дојдете до покачување на плата не се сигурни знаци дека е дојдено времето за промена на кариерата.