За кои туристички атракции има најмногу поплаки

81

Париз е градот на светлината и љубовта, но и на поплаките. Ајфеловата кула се наоѓа на врвот на една листа со туристички атракции за кои туристите имале најмногу поплаки, покажува истражување спроведено од британската веб-страница за споредба Uswitch.

Ова барем е точно за Британците, кои ги оставаат оцените за туристичките атракции низ светот на Tripadvisor. Во истражувањето биле анализирани негативните оцени на популарните атракции на Tripadvisor.

Ајфеловата кула е на врвот на листата, по париската знаменитост следат Колосеумот во Рим, Биг Бен во Лондон, пирамидите во Гиза, Статуата на слободата, знакот за Холивуд, Операта во Сиднеј, Таџ Махал, Берлинскиот ѕид и јужниот раб на Големиот Кањон.

За Ајфеловата кула биле оставени 19.303 поплаки, а оценувачите потрошиле вкупно 402 часа за да ги напишат. За Колосеумот има 1.944 поплаки, а корисниците потрошиле 41 час за да ги напишат, пренесува Travelandleisure.

Фото: Pixabay