Креативната британската агенција RKCR Y&R покажа како оставените светилки на новогодишната елка можат да се запалат и за 46 секунди да ја уништат целата соба. Рекламата е направена за потребите на националната кампања Огнот убива (Fire Kills) и повикува внимателно да се проверат светилките дали се исправни пред да се вклучат. Воедно, преку оваа кампања се повикуваат луѓето да ги гасат светилките на елките пред легнување или пред да излезат од дома.
Огнот убива – вие можете да го спречите.