За над 14% зголемени станбените кредити во мај

71

Во мај, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,6% и 0,8%, соодветно, додека на годишно ниво се зголемени за 7,7% и 14,1%, соодветно, покажуваат податоците на Народна банка.

Автомобилските кредити, овој месец, се намалени за 3,6% на месечна основа, а на годишна основа тие се пониски за 15,7%. Во мај, кредитите одобрени на кредитни картички бележат мал месечен раст од 0,1%, додека на годишна основа се пониски за 9,1%. Негативните салда на тековните сметки, во мај, остварија месечен и годишен раст од 5,8% и 5,3%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, бележат месечно и годишно намалување од 1,3% и 7,3%, соодветно.

Вкупните депозити, во мај, забележаа месечен раст од 1,2%, пред сè поради повисоките депозити на корпоративниот сектор, во услови на поумерен раст на депозитите на домаќинствата. Годишната стапка на раст изнесува 7,1%, при раст кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор.

Во мај, вкупните кредити се зголемени за 0,8% и 5,6%, на месечна и годишна основа, соодветно, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

Во мај, кај вкупните депозити на домаќинствата е остварен месечен раст од 0,4%, којшто во најголем дел се должи на зголемените краткорочни депозити во странска валута, при позитивно влијание и на депозитните пари, краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај долгорочните депозити во денари. Годишната стапка на раст изнесува 4,8%, како резултат на повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти.

Кредитите на домаќинствата, овој месец, забележаа месечно и годишно зголемување од 0,8% и 8,8%, соодветно. Кредитите во денари имаат поголем придонес кон нагорната промена на месечно и годишно ниво.

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемија за 3,4% во споредба со претходниот месец. Растот речиси целосно произлегува од зголемените депозитни пари, при позитивно влијание и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад кај останатите компоненти.

Годишниот раст од 16% во најголем дел е резултат на повисоките депозитни пари, при помал, но позитивен придонес и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор, во мај, бележат раст од 0,8% на месечна основа, пред сè поради зголемените кредити одобрени во денари, при помал позитивен придонес и на кредитите во странска валута. На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 2,1% и се одраз на повисоките кредити во денари и странска валута, со поизразено учество на денарските кредити.

Фото: Pexels