За над 40% намален прометот кај објекти за сместување и дејности со храна

32

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2020 година покажува намалување во однос на четвртото тримесечје од 2019 за 8,4%.

Во четвртото тримесечје од 2020 година во однос на истото тримесечје од 2019 година, намалување се јавува во поголем дел од секторите, а најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 40,8% и во секторот Административни и помошни услужни дејности за 23,5%.

Зголемување се јавува во секторот Информации и комуникации за 0,4%.

Фото: Pexels