За над 43% земјава го зголеми извозот на јаболка во 2020 година

32

Македонија е 26-та земја во светот по извоз на јаболка, чија вредност минатата година беше зголемена за 43,4% или 29.515.000 долари.

На глобално ниво, извозот на јаболка лани достигна ниво од од 7,3 милијарди долари, што е за 4,3% повеќе во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, петте најголеми извозници на јаболка (Кина, Италија, САД, Нов Зеланд и Чиле) покриваат 60,5% од вкупниот извоз на ова овошје во 2020 година.

Кина има удел од 19,8% што на земјата ѝ донесе 1,4 милијарди долари. Потоа следат: Италија (962 милиони долари), САД (855 милиони долари), Нов Зеланд (590 милиони долари) и Чиле (568,6 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко позиционирана е Србија (10-та) со извоз од 126 милиони долари, по што следат: Грција (40,4 милиони долари), Словенија (8,9 милиони долари), Хрватска (6,5 милиони долари), Босна и Херцеговина (5,7 милиони долари) и Албанија (1,1 милион долари).

Фото: Pexels