За над 93% зголемено производството на сончоглед

25

Поголемо зголемување на производството во текот на минатата година е забележано кај сончогледот за 93,5%, оризот за 7,8% и крмната пченка за 6%. Поголемо намалување е забележано кај луцерката за 7,7%, краставиците за 6,1% и доматите за 5,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Лани се регистрирани 519.848 хектари обработлива површина. Најголемо учество имаат ораниците и бавчите (80,5%), а најмало учество имаат овоштарниците (3,2%).

Фото: Pixabay