Фото: Pexels
Познато ни е дека постојат спонтани, природни, но и лажни, одглумени насмевки. Но сигурно не сте знаеле дека насмеаното лице не е многу поинакво од расплаканото.
Насмевката често се појавува и кога сме соочени со непријатни ситуации, но во тие случаи таа е само одбранбена реакција на организмот во моментите на шок.
Спонтаната насмевка, пак, го забрзува дишењето, го намалува крвниот притисок и пулсот. Смеењето е исто така клуч за градење и одржување на добри друштвени односи, а се разликува од култура до култура.
Така, жените се смеат повеќе од мажите, луѓето од Јужна Америка се смеат повеќе од оние во Северна, а Азијатите пак често ја прекриваат устата кога се насмевнуваат.
Американскиот психолог Пол Екман, кој ги проучува мускулите на лицето и телото, како и психологијата на насмевката, состави една корисна листа на различни видови насмевки:
Долга и интензивна насмевка – позитивни чувства поврзани со уживање и забава.
Насмевка од страв или непочитување – овие насмевки не се поврзани со позитивни емоции. Тука станува збор само за движење на усните мускули.
Возбудена насмевка – таа има улога да го прикрие големиот набој на позитивни емоции.
Неискрена насмевка – дело на негативни емоции.
Флерт насмевка – малку непријатна, поради фактот што личноста која ја упатува насмевката нападно гледа во личноста што го/ја привлекува.
Чаплин насмевка – заразна насмевка која ги тера и другите да се смеат.