За насмевките и нивното значење

267

smajli

Фото: Pexels

Познато ни е дека постојат спонтани, природни, но и лажни, одглумени насмевки. Но сигурно не сте знаеле дека насмеаното лице не е многу поинакво од расплаканото.

Насмевката често се појавува и кога сме соочени со непријатни ситуации, но во тие случаи таа е само одбранбена реакција на организмот во моментите на шок.

Спонтаната насмевка, пак, го забрзува дишењето, го намалува крвниот притисок и пулсот. Смеењето е исто така клуч за градење и одржување на добри друштвени односи, а се разликува од култура до култура.

Така, жените се смеат повеќе од мажите, луѓето од Јужна Америка се смеат повеќе од оние во Северна, а Азијатите пак често ја прекриваат устата кога се насмевнуваат.

Американскиот психолог Пол Екман, кој ги проучува мускулите на лицето и телото, како и психологијата на насмевката, состави една корисна листа на различни видови насмевки:

Долга и интензивна насмевка – позитивни чувства поврзани со уживање и забава.

Насмевка од страв или непочитување овие насмевки не се поврзани со позитивни емоции. Тука станува збор само за движење на усните мускули.

Возбудена насмевка – таа има улога да го прикрие големиот набој на позитивни емоции.

Неискрена насмевка – дело на негативни емоции.

Флерт насмевка – малку непријатна, поради фактот што личноста која ја упатува насмевката нападно гледа во личноста што го/ја привлекува.

Чаплин насмевка – заразна насмевка која ги тера и другите да се смеат.