За него нема криза, овој милијардер има повеќе пари од лани

163

Кризата со пандемијата на новиот коронавирус го погоди силно во светот, a најбрзо се одрази врз пазарите на капитал, односно берзите.

Како резултат на падот на вредноста на акциите, богатството на многу богати луѓе се намали. Се разбира, кризата има големо влијание и врз другите компании и поединци кои ги затвораат своите бизниси или ги губат своите работни места.

Но, најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, сè уште не ја почувствува кризата, пренесува Bloomberg.

Вредноста на неговиот имот во моментов се проценува на 116 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди долари повеќе од крајот на минатата година. Безос е основач, извршен директор и најголем акционер на Amazon, компанија за онлајн трговија.

Другите богати луѓе претежно доживеале пад на вредностите на имотот. Бил Гејтс во моментов има 96 милијарди американски долари, што е намалување од 16,7 милијарди во однос на минатата година. Французинот Бернард Арно, кој стои зад модниот гигант LVMH, има 77 милијарди, што е за 28,3 милијарди помалку од лани. Тој е најбогатиот Европеец.

Инвеститорот Ворен Бафет и основачот на Facebook, Марк Цукерберг имаат по 18 милијарди долари помалку од минатата година, така што нивното богатство се проценува на 71 и 60 милијарди долари. Сопственикот на Zara, Амансио Ортега има 21,5 милијарди долари помалку од минатата година.

Фото: Pixabay