За некој виното и оружјето се како тоалет хартија – Кои продукти недостасуваат во различни земји

204

Додека милиони луѓе ширум светот се подготвуваат да бидат затворени во своите домови во наредните недели за да спречат понатамошно ширење на коронавирусот, во супермаркетите ширум светот недостасува храна и производи за хигиена, како и некои други необични работи, пишува Bizlife. Полиците за тоалетна хартија во неколку земји низ целиот свет се празни со недели. Сепак, во различни земји овој производ не е приоритет. На пример, во Шпанија, виното недостасува.

Малку е чудно за Иранците и Италијанците да чујат дека другите земји се расправаат за тоалетна хартија. Причина? Повеќето тоалети во Италија имаат биде, еден вид туш за чистење откако ќе го завршите тоалетот. Од друга страна, во Иран, кој исто така е сериозно засегнат од ширење на коронавирусот, луѓето користат вода за овие цели.

Шпанија – вино

Во шпанските продавници веќе неколку дена недостасуваат вино, заедно со тоалетна хартија и тестенини. Италијанците, исто така, се на списокот на земји каде има празни полици со вино.

Турција – колонска вода

Во Турција, во моментов има малку шанси да стигнете до колонската вода. Се користи  за дезинфекција на рацете. Колонската вода содржи околу 80% етил алкохол и се користи за дезинфекција, затоа не е на полиците на турските супермаркети.

Холандија – Марихуана

Во меѓувреме, холандските потрошувачи очигледно пазареле само марихуана. Непосредно пред затворање на кафулињата заради пандемијата на Ковид – 19, луѓето правеа редици, но не заради кафето, туку заради марихуаната.

САД – Оружје и вода

Иако американскиот претседател Доналд Трамп го извести својот народ дека нема потреба да се купува толку многу, тоа не ги спречи Американците да складираат продукти за кои се плашат дека нема да бидат достапни наскоро. Луѓето ширум САД ги испразниле полиците на супермаркетите со конзервирана храна и тоалетна хартија. Водата е уште една популарна работа што недостасува во САД. Полиците со месо, исто така, беа забележително празни. Во меѓувреме се зголеми продажбата на оружје и муниција. Продавачот на муниција ammo.com објави зголемување на продажбата од 276% на 10 март бидејќи се зголеми бројот на потврдени случаи во САД.

Скандинавија – Парацетамол

Во Скандинавија, властите ги повикаа луѓето да се воздржат од складирање на лекови како што се парацетамол и инсулин.

Бугарија – Цитрусно овошје

Се чини дека луѓето во Бугарија имаат најголема доверба во здравата храна, бидејќи испразнети се полиците со овошје и зеленчук во потрага по витамин Ц. Овошјето како портокал и лимон скоро целосно исчезнаа од пазарот.

Фото: Pixabay