За некоја година Lego коцките веќе нема да бидат исти

103

Данскиот производител на коцки, Lego ќе инвестира 400 милиони долари во следните три години со цел да ја намали емисијата на штетни гасови и употребата на пластика, соопштува најголемиот производител на детски играчки во своето соопштение.

Со оваа инвестиција, Lego треба да ја оствари поставената цел да биде јаглерод неутрална до 2022 година и постепено да ја укинува пластиката за еднократна употреба во амбалажата до 2025 година. Според планот, Lego до 2030 година треба пластичните коцки целосно да ги замени со оние што се направени од одржливи материјали.

Во изминатите неколку години, тим од над 150 инженери и научници тестирале најразлични растителни и рециклирани материјали за да може да се постигне производство на коцки со еколошки материјали.

Lego секоја година во производите користи околу 90.000 тони пластика, но од 2018 година компанијата почна да користи и биополиетилен, пластика добиена од етанол, којшто се добива од шеќерна трска.

Фото: Facebook