За оние кои сакаат да инвестираат во овие тешки времиња, Бафет има неколку совети

109

Ковид-19 предизвика пореметување и неизвесност ширум светот и тоа не само во поглед на јавното здравје. Изминатиот период во рубриката економија доминираа вестите за огромни парични загуби, во разни индустриски гранки. Пазарот полека се враќа во нормала, а ако се мислите да инвестирате, искусниот инвеститор Ворен Бафет има неколку совети за како од овие немирни времиња да извлечете најдобро и да донесете паметни одлуки врзани со вашите пари. Еве што е најважно:

Не се “потресувајте“ околу секојдневните вести

“Иако глобалната пандемија е сериозна работа, важно е да не дозволите секојдневните вести да влијаат на вашата инвестициона пракса“, вели Бафет. Затоа што пазарот е непредвидлив и не реагира секогаш на моменталните случувања на очигледни настани.

“Секако не можете да го предвидите пазарот читајќи дневни вести“, вели Бафет.

Размислувајте долгорочно

Кога инвестирате во акции, не размислувајте само како во купување акции, туку и како инвестирање во работа за која очекувате да расте во наредната деценија. Долгорочното размислување може да ви помогне помалку да се грижите за секојдневните флуктуации.

Многу е подобро да кажете  “Денес вложив во бизнис“, отколку “Денес купив акции“, бидејќи тоа дава сосема поинаква перспектива.

Фокусирајте на вредноста

Со толку големи осцилации што се случуваат, може да биде многу примамливо да се обидете да ја искористите ситуацијата на пазарот и брзо да заработите пари. Но, на долг рок (па дури и на краток рок) таа стратегија ќе ви се одбие од глава. Ова е затоа што дури и на најискусните аналитичари им е тешко да дадат точни предвидувања.

Наместо тоа, Бафет ги повикува луѓето помалку да се фокусираат на цените на акциите, а повеќе на вкупната вредност на компанијата. Поглед во билансната состојба (нејзиниот поранешен раст и проценка на иден раст) на компанијата ќе ви помогне да добиете точна слика дали вреди да се купат акции.

Мислам дека никој не знае како ќе се развива пазарот, но мислам дека секој знае да процени дали прави паметен потег со купување на акции по одредена цена“, вели Бафет.

Не користете позајмени пари за инвестирање

Иако Бафет има доверба во инвестирањето, како стратегија за градење на богатство, купувањето акции со позајмени пари е ризично.

Фото: Pixabay