За осмиот роденден на Вип, 8 GB брз интернет во рамки на претплатата

27

vip

Во пресрет на осмиот роденден, Вип на своите постпејд корисници им нуди дополнителна слободна интернет комуникација во рамки на постпејд пакетите со супер брз мобилен интернет. Имено, сите нови и постојни корисници, кои од денес, па сè до 30 септември ќе склучат нов или ќе го обноват својот договор на 24 месеци, во рамки на Vip Free постпејд тарифите, добиваат промотивен интернет вклучен во претплатата.

Соодветно, во Vip Free Special тарифата за месечна претплата од 699 денари, корисниците добиваат 8GB 4G LTE интернет, неограничени разговори и СМС пораки со сите национални мрежи, како и 50 меѓународни СМС пораки кон странство. Во Vip Free Advanced пак, корисниците добиваат 18GB 4G LTE интернет вклучени во претплатата.

Во рамки на понудата за осмиот роденден корисниците можат да одберат и од широката лепеза на мобилни уреди по повластени цени, како и можност за плаќање на рати преку потрошувачки кредит.

Инаку, неодамна Вип ја прошири својата 4G LTE мрежа во речиси сите градови во Македонија со што Вип оператор обезбеди покриеност со 4G LTE мрежа во урбаните области од над 80%.

Повеќе информации во однос на роденденската понуда корисниците можат да добијат со јавување на 077 1234 или на www.vip.mk.