„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот старт-ап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.
Пакувањето на некое добро и негова испорака, може да биде навистина проблем. Треба да најдете кутија, со соодветни димензии, да се осигурате дека тоа што го ставате не е кршливо или пак доколку е, дали е добро заштитено и на крај доаѓа одлуката за избор на носач на пратка. Кај нас, реално немаме и многу избор кога станува збор за последното. Така да одлуката се сведува на Македонски Пошти или другите алтернативни начини во зависност од брзината и флексибилноста која ни е потребна, но обично, самите треба да се погрижиме за повеќето детали. Да видиме како еден старт-ап го решава овој проблем преку “барата”.
Популарни курсеви:
Shyp претставува најлесен начин да пратите било што. Основана во 2014 година од страна на Kevin Gibbon, Shyp до денес има примено инвестиции вредни над 60 милиони американски долари од страна на искусни инвеститори како Kleiner Perkins, Sherpa Ventures и Homebrew со цел да ги прошири своите операции низ другите поголеми градови низ Северна Америка.
Пред десет години, основачот на Shyp бил powerseller на eBay. Она што го правел е следново: увезувал различни меѓународни добра, од спортска опрема до високо-квалитетни рачни чанти, кои потоа ги продавал на неговиот eBay канал. Користејќи техника на помала заработувачка (обично производите ги продавал по цена пониска од малопродажната), Kevin успеал да постигне висок обрт и стапки на продажба. Но, како што се зголемувале нарачките и продажбите, така и процесот на правење пратки и нивна испорака станувал понеподнослив. На крај, Kevin бил приморан да ја затвори својата eBay продавница како и дистрибутнивниот центар кој го имал изградено во рамките на својата гаража.
Но она што го извлекол како искуство е дека: “Испораката на нештата треба да биде лесно како сликање на фотографија или внесување на адреса како крајна дестинација”. Така настана и Shyp кој направи дисрупција на една индустрија која цели 40 години немаше видено иновација.
Како работи?
Кога правите испорака со Shyp, вие воопшто не треба да се грижите за пакувањето на доброто што го праќате или пак за чекање на ред во поштенските простории. Само отворете ја апликациајта и:
- Направете фотографија со вашиот паметен телефон за доброто што сакате да го пратите
- Внесете ја вашата адреса за испорака (доколку испраќате нешто на некој Shyp корисник, само го внесувате неговото корисничко име)
- Почекајте максимум 20 мин и вашата пратка ќе биде подигната од страна на нашите доставувачи
Потоа секоја пратка се носи до локалниот магацин, каде се прави правилно пакување на добрата и воедно се прави споредба на цените од различните доставувачи на пратки со цел да ја добиете најдобрата цена.
Моментално оваа услуга функционира исклучиво во Сан Франциско, Њујорк, Мајами, Лос Ангелес и Чикаго.
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука.
Среќно,
Brainster заедницата