Три жени, од кои две се од Африка, се пласираа во вториот круг на избори за следниот генерален директор на Светската трговска организација (СТО).
Светската трговска организација бара нов генерален директор кој ќе го замени Бразилецот Роберто Азеведо, кој се повлече од оваа позиција на крајот на август, една година порано од планираното.
Трговското тело кое постои 25 години никогаш не било предводено од жена или личност која е од Африка.
Петмината кои одат во следната рунда се кениската министерка Амина Мохамед, поранешната нигериска министерка за финансии Нгози Оконџо-Ивеала, поранешната јужнокорејска министерка за трговија Јо Мјунг-тој, Мохамед ал-Тувајри од Саудиска Арабија и поранешниот британски министер Лиам Фокс, пишува Ројтерс.
Фото: Facebook