За првпат по 114 години години откажан дочекот на Нова година на Тајмс Сквер

243

Традиционалната новогодишна ноќ на Тајмс Сквер во Њујорк, која привлекува многу посетители, ќе биде откажана за првпат по 114 години поради пандемијата на коронавирус. Наместо тоа, ќе се организира виртуелен дочек на Нова година на истото место кое милиони луѓе ширум светот ќе можат да го следат преку Интернет, пишува New York Post.

Познатата кристална топка, како и секоа друга година, и оваа ќе се спушти на Тајмс Сквер, означувајќи го крајот на старата и почетокот на новата година.

Меѓутоа, организаторите напоменуваат дека ограничен број луѓе ќе бидат пуштени на Тајмс Сквер заради емитување на дочекот.

“Единственото нешто што нема да се промени е одбројувањето на полноќ на 31 декември“, соопштија од компанијата Times Square Alliance којашто го организира дочекот во Њујорк.

Фото: Facebook