За РЖ Институт првото полугодие заврши со добивка од 1,7 милиони денари

30

rz-institut-portfolio

РЖ Институт првото полугодие од оваа година го заврши со добивка од 1.791.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата го заврши со загуба од 8.385.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 54.068.000 денари. Поголемиот дел, односно 53.759.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 309.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Компанијата произведува алуминиум и алуминиумски гранули, огноотпорни материјали за потребите на челичната индустрија, песоци за пескарење и за кочни системи и индустриска вар.