За шест месеци од дијаспората префрлени 163 милиони евра во Црна Гора

49

Граѓаните на Црна Гора кои работат во странство и иселениците, во својата татковина во првата половина од оваа година префрлиле 163 милиони евра, соопшти Централната банка на Црна Гора.

Вкупниот прилив на дознаки од странство се однесува на компензација на вработени, надоместоци за работници, разни видови на наследства и други подароци и трансфери, односно пари што мигрантите, работниците на привремена работа во странство им ги испраќаат на своите фамилии.

Во текот на минатата година, вкупниот прилив од дијаспората изнесувал околу 321 милиони евра, што е 40% повеќе од 2010 година.

Иако не се знае точниот број на црногорски иселеници и нивните потомци ширум светот, министерството за надворешни работи проценува дека се бројни исто колку и населението што живее во Црна Гора.

Врз основа на податоците со кои располага министерството, најмногу иселеници од Црна Гора има во Северна и Латинска Америка, Србија, Турција, западноевропските земји, земјите од поранешна Југославија, како и во Украина, Австрија, Русија и некои африкански земји.