За школски прибор ќе потрошат 71,5 милиони евра

31

Почетокот на учебната година на продавниците за школски прибор во Виена ќе им донесе заработка од околу 71,5 милиони евра. Секој четврти жител на австриската престолнина во просек троши 163 евра на прибор за во училиште, а најмногу пари се одвојуваат за најмалите ученици, пренесува EurommPR.

Најважен момент за продавниците за школски прибор и канцелариски материјали е почетокот на учебната година. Според истражувањето спроведено по барање на Стопанската комора на Виена, до седми септември ќе биде остварен промет од околу 71,5 милиони евра.

“Секој четврти жител на Виена во просек одвојува по 163 евра за школски прибор. Оваа дејност заработува половина од својот годишен приход на почетокот на учебната година“, вели Маргарет Гупрехт, претседателка на Трговското одделени е на Стопанската комора на Виена.

Не се штеди најмногу на најмладите, бидејќи над 50% од продажбата се однесува на прибор за првачиња и основци. Најмногу се троши на тетратки (75%), прибор за пишува (74%), блокови за цртање и хартија (58%). За купување на ранци и облека за тргнување во училиште отпаѓаат околу 40%. Околу 10% од луѓето купуваат таблет или лаптоп за почеток на учебната година. Исто така, најмладите ученици за првиот ден во училиште добиваат подарок слатки и школски прибор, што е обичај во повеќе европски земји и во земјите од германско говорно подрачје.

Фото: Freepik