За субвенции за инвертери 2.500 апликации, исплата од наредната недела

125

Околу 2.500 граѓани поднеле барања за субвенции за инвертери во Скопје. На неколку пунктови тие веќе почнале да ги оставаат своите стари грејни тела, што е услов за исплата на субвенцијата, која треба да почне наредната недела.

“До крајот на минатата недела имаше околу 2.500 апликации за инвертери. Граѓаните веќе започнаа со предавање на старите печки со што се овозможува и формално да започне исплатата за купените инвертери“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој појасни дека постапката за субвенциите била во застој поради изборите и формирањето на новата Влада.

Исплатата на субвенцијата за инвертери, појасни тој, ќе почне од наредната недела, а веќе е почната исплата на субвенции за велосипеди и другите субвенции кои ги врши Градот Скопје

Фото: Pixabay