Иако немаше публика на стадионот, церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио беше спектакуларна.
Церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио траеше неколку часа и имаше светлосно шоу со употреба на 1.824 дронови.
Беспилотни летала беа користени за претворање на логото на Олимписките игри во ротирачки глобус.
И претходно беспилотните летала беа користени на слични начини, а пример е Super Bowl од 2017 година, кога 300 беспилотни летала го формираа американското знаме.
Сепак, технички, бројот на беспилотни летала што се искористија во Токио не е рекорден, бидејќи таа титула припаѓа на автомобилската марка Hyundai, Genesis. Во Шангај, Кина, за време на светлосното шоу беа користени 3.281 беспилотни летала.