За три години летечки такси возила на европското небо

68

На европското небо би можело од 2024-та година да сообраќај летечки такси возила, најавува Европската агенција за безбедност во авиосообраќајот.

Дека тоа не е само обично тврдење, покажува и најавата на неколку компании дека во скоро време на пазарот ќе претстават летечки возила, за превоз на патници, но и за карго сообраќај на полесен товар, како што се лекови што е потребно да се достават до лица кои живеат на далечни локации.

Од европската агенција велат дека со превозот на патници по воздушен пат би можело да се почне за три години. Тие веќе работат на одобрување на некои нацрти на лесни превозни машини.

Но, за да можат овие возила да се најдат на пазарот, потребно е да поминат бројни тестови и да добијат повеќе одобренија, како и да се утврдат рутите за летање, забрането зони на летање и правила за однесување во воздушниот сообраќај. Ако во скоро време успеат да влезат во комерцијална употреба, проценето е дека вредноста на пазарот на воздушни превозни средства до 2030 година ќе порасне на 4,2 милијарди евра и ќе создаде 90.000 нови работни места.