За три месеци Crocs имаат пола милијарда долари приход

142

Веќе препознатливите гумени кломпи – Crocs имаат голем раст на продажбата, но и зголемување на добивката во првите три месеци од оваа година.

Нето добивката на Crocs во првите три месеци се зголеми на 98, милиони долари, од 11,1 милион долари истиот период лани.

Приходите на компанијата се зголемија за 64% на 460,1 милион долари од 281,2 милиони долари во првиот квартал од 2020 година. Приходите на Crocs се повисоки од првичните проценки на Wall Street коишто се движеа околу 415 милиони долари.

Од Crocs велат дека дигиталната продажба им е зголемена за 75,3% и сега достигнува 32,3% од приходите во однос на истиот период лани.

За второто тримесечје Crocs очекуваат приходите да им се зголемат меѓу 60 и 70% на годишно ниво.

Фото: Facebook