За три месеци почнува производството на вакцината Sputnik V во Србија

51

Министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ, најави дека во белградскиот Институт Торлак, за три месеци ќе започне првата фаза од производството на руската вакцина Sputnik V, против коронавирус.

Поповиќ за RTS рече дека “втората фаза“, односно самостојното производство, ќе почне кон крајот на годината, кога Србија ќе ја обезбеди неопходната техничка опрема.

“Потребно е да се набави соодветна опрема за тоа, а голем е недостатокот на таа опрема во светот“, нагласи тој.

Наведе дека вакцините произведени во Торлак ќе бидат за извоз, но и за домашниот пазар.

Фото:Pixabay