Продажбата на L’Oreal во првите три месеци од оваа година го надмина нивото од пред пандемијата, со што најголемиот светски производител на козметика успеа да закрепне од последиците од кризата.
Продажбата во првото тримесечје достигна 7,6 милијарди евра, што е помалку од 7,7 милијарди евра како што очекуваа аналитичарите.
Француската компанија, како што пишува Financial Times, профитирала од силниот раст во Кина, каде што потрошувачката се зголеми за 30%, продолжувајќи го трендот на втор најголем пазар веднаш зад САД.
Но, делот за масовниот пазар, што ги има брендовите како што се Maybelline и Garnier, имаат пониски тримесечни приходи во споредба со една година претходно, пред сè поради воведените рестриктивни мерки во светот.
Од друга страна, брендовите за нега на кожа, како што Kiehls и La Roche имаат поради во приходите од продажба.
Фото: Pexels