За три месеци, Рудници Бањани прикажа добивка од 1,2 милиони денари

41

Рудници Бањани, во првиот квартал од оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1.229.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – март лани, компанијата прикажа добивка од 603.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, изнесуваат 13.875.000 денари. Поголемиот дел од 13.752.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 123.000 денари е реализиран на пазари во странство.

“Последиците од светската пандемија веќе се забележуваат во четвртиот месец, така што драстично се намалува испораката и наплатата. Влијанието на оваа криза во деловното работење во иднина не може со сигурност да се предвиди, при што постои елемент на несигурност“, стои во Образложението.

Фото: Pixabay