Забрана за автомобили постари од 15 години низ улиците на Њу Делхи

95

soobrakaj nju delhi

Индискиот национален “зелен“ суд донесе забрана за возење автомобили постари од 15 години во престолнината на Индија, Њу Делхи. Целта на оваа забрана е да се намали загаденоста на воздухот во овој град, кој, според истражувањата, е најзагаден град во светот, пишува Ројтерс.

Штетните гасови од автомобилите сочинуваат скоро три четвртини од загадувањето на воздухот во Њу Делхи, покажуваат оценките на Светската здравствена организација. Но, овие податоци властите во Индија категорично ги отфрлаат.

Се верува дека оваа забрана ќе ги поттикне возачите да се ослободат од нивните стари и нееколошки возила и да ги заменат со нови. На тој начин може да се поттикне и продажбата на автомобили од домашни производители, како што се Maruti Suzuki India и Tata Motors.