Забраната заврши, македонските производи повторно одат во Косово

36

F7C67F44-F3BF-4EF9-AF56-7E8B8B91C076_mw1024_n_sОд вчера на полноќ сообраќајот меѓу Македонија и Косово се одвива нормално.

Министерот за економија Ваљон Сарачини заедно со потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски лично го посетија граничниот премин Блаце за да се уверат дека и проток на стоки, луѓе и услуги меѓу Република Македонија и Република Косово функционира непречено.

“На мое огромно задоволство и официјално можам да кажам дека недоразбирањата помеѓу Косово и Македонија се надминати. Тоа значи дека отсега проткот на стоки, услуги и движењето на граѓаните од двете земји ќе се одвива непречено. Како што кажав и на почетокот, мој врвен приоритет беше изнаоѓање на решение и надминување на состојбата и тоа е постигнато како резултат на залагањата на двете влади”, изјави Сарачини по посетата.

Трговската војна меѓу Македонија и Косово започна кога без претходно предупредување или најава до македонската влада, на граничниот премин Блаце во петокот минатата недела беше спуштена рампата за влез на камионите на македонските извозници.