Забранет влез за банкари во еден француски ресторан

27

francuski restoran

Сопственик на француски ресторан им забрани на банкарите да влезат во неговиот ресторан во знак на одмазда поради тоа што неговото барање за кредит било одбиено, пренесува Телеграф.

Триесетгодишниот Александар Калет, кој го раководи ресторанот Les Ecuries de Richelieu, побара кредит од 70.000 евра од банка, по што наиде на негативен одговор.

На таблата пред неговиот ресторан стои јасна порака: За кучиња дозволено, за банкари влезот е забранет освен ако не платат влез од 70.000 евра.

“Штом видам банкар кој ќе го препознам, нема да му дозволам да влезе во мојот ресторан“, вели Калет.

Потегот на Калет наиде на поддршка од голем број претприемачи и бизнисмени во Франција, кои велат дека не можат да напредуваат поради недостатокот од финансиска поддршка од банкарскиот сектор.

francuski restoran 1