Зачудувачки факти за модната индустрија

264

Модната индустрија зема се поголем замав во светот. Од самиот процес на обработка до крајната употреба на производот се случуваат интересни, но честопати и зачудувачки работи што не секој ги знае.

Еве неколку информации што нема да ве остават рамнодушни.

Во светски рамки на годишно ниво се “конзумираат“ 80 милијарди парчиња облека.

Текстилната индустрија во процесот на производство на облеката користи количина на вода еднаква на 32 милиони Олимписки базени.

Автралија е втора во светот по користење на модни парчиња. Во просек во земјата се употребуваат 27 килограми нова облека и текстил на годишно ниво.

Еден од шест работници е вработен во глобалната модна индустрија.

Две третини од материјалот што се користи за облека е памук. Со оглед на тоа што памукот користи многу вода за процесот на растење, претставува голем ризик и за околината.

Платите на вработените во текстилната индустрија можат да бидат премногу ниски, 1-3 долари дневно.

Модните гиганти понекогаш намерно прават облека што брзо ќе се скине. Одат до таа крајност само за да ги натераат клиентите да купат повеќе облека.

Само 10% од облеката што луѓето ја донираат во евтини продавници или добротворни организации се продава. Останатиот дел оди во ѓубре.

Еден главен извршен директор во модната индустрија годишно заработува колку и 10.000 текстилни работници во Бангладеш.

Текстилната индустрија генерира приход од околу 1,5 илјади милијарди евра годишно.