Македонија доби Златна награда за дестинација за патување од холандските туристи

92

И покрај тоа што церемонијата е одложена поради пандемијата, првата награда за дестинација за патување ѝ припадна на РС Македонија. Златна награда за дестинација за патување (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало.

Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, рестораните со 8,1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7,9, додека локалитетите со 7,8. Од градовите највисоко котира Охрид (8,1), а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга (7,6, 7,5 и 7,2).

Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која го испитува задоволство од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет. Воедно, оваа платформа е и туристичка агенција која традиционално го организира настанот Reisgraag Awards по повод доделување на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости.