Заеднички апел на СЗО, СТО, ММФ и Светска банка

23

Светските лидери мора да преземат “нова обврска“ да се заложат за правична распределба на вакцините против коронавирусот на планетата за да се може да се сузбие пандемијата и да се спречи “економски закрепнување во две брзини“, побараа четирите главни светски организации.

Челниците на Светската здравствена организација (СЗО), Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, ги повикаа лидерите на земјите од Г7, пред нивниот состанок во Велика Британија, со 50 милијарди долари да ја финансираат програмата за борба против пандемијата на ММФ, којашто веќе беше претставена на состанок во Рим.

Таквата финансиска помош би овозможила “значително зголемување на производството на дијагностичка опрема, лекови, кислород, медицинска опрема и вакцини заради правична распределба“, рекол Тедрос Адханом Гебресијус, прв човек на СЗО.

Тој износ, според челниците на организациите, ќе овозможи до 2025 година да се генерираат 9.000 милијарди долари за светската економија.

До крајот на годината планирано е да се вакцинираат барел 40% од светското население, а до крајот на 2022-ра барем 60%, за да се обезбеди трајно закрепнување на светската економија.

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, оценил дека е “пресудно да се забрза процесот на дистрибуција“ за да се “скрати времето од производство до аплицирање на вакцините“.

Во заеднички текст, објавен во Washington Post, лидерите на четирите светски организации, оцениле дека нееднаквиот пристап до вакцини поттикна појава на нови видови на коронавирус што предизвика ново ширење на пандемијата во земјите во развој.

Фото: Pexels