Заеднички особини на успешните претприемачи

85

razmisluvanje-1-pixabay

Фото: Pixabay

Не постои магична формула која гарантира успех. Но, сепак постојат неколку карактеристики коишто им се заеднички на успешните претприемачи.

Ако вашата цел е успехот, еве кои особини треба да ги поседувате:

Тие ја менуваат сегашноста

Успешните претприемачи ги гледаат нештата поинаку. Не ги сакаат правилата. Тоа секако останува запаметено, а нивната промена го носи човештвото напред.

Добро промислуваат сè

Токму поради тоа што секој детал им е добро промислен тие …

Секогаш бараат повеќе од она што веќе го знаат.

Сакаат да споделуваат идеи, знаење, контакти.

Лесно градат врски врз основа на доверба.

Не се плашат од конкуренцијата.

Испорачуваат многу повеќе од очекуваното.

Мислат на големо и преземаат ризици.

Учат попатно и се прилагодуваат

Грешките и неуспешните обиди се составен дел од успехот. Без разлика на знаењето, дипломите, парите што ги направиле или изгубиле, тие се соочуваат со проблеми. Добрата работа е што навистина учат од грешките, умеат да се адаптираат на промените и гледаат што одговара на нивниот бизнис, а што не.

Живеат скромно

Многу успешни претприемачи не се фалат со својот успех. И покрај тоа што тежат милиони, тие одбираат да живеат поинаку. Тоа не значи дека се скржави, туку едноставно се доволно паметни и не се задолжуваат за да купат некоја ултра луксузна “играчка” или имот. Парите ги трошат паметно, на пример, на ширење на бизнисот.

Решаваат проблеми

Успешните луѓе не го основаат бизнисот туку така. Тие гледаат вистински проблем/потреба и имаат желба и идеја како тоа да го решат. Едноставно сакаат да дадат сè од себе и да постигнат нешто значајно.

Ги слушаат другите, но одлучуваат сами

Ако не ги слушате вашите клиенти, како ќе знаете дали и колку се задоволни со тоа што им го нудите? Без разлика дали се тоа членови од тимот, колеги, ментори или клиенти, треба да се одвои време и да се послуша добриот совет или забелешката. Ова им е добро познато на успешните претприемачи и токму тоа и го практикуваат, но сепак знаат дека конечната одлука останува на нив.