Заеми од ИФЦ и НЛБ за зајакнување на македонскиот банкарски сектор и поттикнување на економијата

21

 

nlb

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на групацијата на Светска банка, обезбеди заем во износ од 10 милиони евра за НЛБ Тутунска банка, трета најголема банка во Македонија, се вели во соопштението.

Целта на овој заем е да се поттикне нејзиниот развој и да го зацврсти банкарскиот сектор во државата. НЛБ Љубљана, стратешки партнер на НЛБ Тутунска банка, обезбеди дополнителен заем во износ од 11 милиони евра.

Субординираните заем се квалификуваат како дополнителен капитал и се дел од стратегијата на ИФЦ да ги поддржи поголемите банки во регионот. Исто така, заемот ја истакнува посветеноста на ИФЦ и НЛБ за поттикнување на економскиот развој во Западен Балкан.

“Трансакцијата само го зајакнува нашето стратешко партнерство со ИФЦ. Новите заеми ќе ја поддржат нашата капитална позиција и ќе ни овозможат проширување на услугите“, изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.

Според, Арчибалд Кремсер, член на Управниот одбор и главен директор за финансии на НЛБ Групацијата смета дека овие трансакции ја потврдуваат довербата во НЛБ Тутунска банка и го обезбедуваат натамошниот напредок на банката.

“Вклучувањето на ИФЦ ја истакнува способноста на банката да обезбеди средства на меѓународни пазари на капитал и да воведе високи стандарди на корпоративното управување при финансирање на нашата македонска банка“, изјави Кремсер.

Во 2010 година, ИФЦ обезбеди заем во износ од 25 милиони евра за НЛБ Тутунска банка, со што се овозможи банката да понуди кредити и за мали и средни претпријатија. ИФЦ, исто така, обезбеди и кредитна линија за документарно работење во износ од три милиони евра за поддршка на клиентите на банката, мали и средни увозници и извозници.