Загреб дава по 95 евра “кирија” за објекти што имаат гнезда на штркови

162

strk

Фото: Pixabay

Загреб и јавното претпријатие Зелен прстен, на корисниците на куќи и објекти во оваа општина, кои на покривите имаат гнезда на штркови, ќе им даваат еднократен годишен надомест од 95 евра.

Зелен прстен веќе девет години спроведува проект за Заштита и зачувување на белиот штрк, а парите ги обезбедуваат Загрепската жупанија и Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност.

“Белиот штрк е симбол на заштитени природни живеалишта и традиционални предели, а нивното присуство е потврда дека живееме во здрава животна средина. Им благодариме на жителите на Загреб и околината што се грижат и што го чуваат овој посебен вид”, велат од Зелен прстен.